19 април, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАМицотакис ќе го покрене прашањето за "Северна" на Самитот на НАТО

Мицотакис ќе го покрене прашањето за “Северна” на Самитот на НАТО

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, очекува мандатарот за премиер на Македонија, Христијан Мицкоски на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа.

„Очекувам мандатарот да каже дека името на неговата земја е Северна Македонија, ерга омнес и за внатрешна и за надворешна употреба“ рече Мицотакис, додавајќи дека прашањето ќе го покрене и на Самитот на НАТО на 9-11 јули.

„Очекувам логиката да надвладее“, рече Мицотакис, пренесуваат грчките медиуми.

Тој порача до раководството во новата Влада, да не го доведува во опасност европскиот тек, кој Грција го има поддржано.

Мицотакис повтори дека Договорот има негативни работи и за Грција, но, како што рече, една од важните димензии е името кое не може во пракса да се оспори од никој.

По тоа прашање, Мицотакис рече дека Грција има поддршка од ЕУ и САД, а Скопје е изолирано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП