26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве кои земји во ЕУ имаат најкратка, а кои најдолга работна недела...

Еве кои земји во ЕУ имаат најкратка, а кои најдолга работна недела (ИНФОГРАФИК)

Минатата година, вистинското неделно работно време за лицата на возраст од 20 до 64 години на нивната главна работа во Европската унија во просек изнесуваше 36,1 часа, објави европската канцеларија за статистика Евростат.

Евростат известува за сериозни разлики меѓу должината на работната недела во одделни земји-членки во минатата година.

Најдолга работна недела минатата година е забележана во Грција (39,8 часа), Романија (39,5 часа), Полска (39,3 часа) и Бугарија (39,0 часа), што претставува намалување од работната недела од 40,2 часа во 2022-ра година.

Најкратката работна недела во 2023-та година била во Холандија – 32,2 часа. На второ место е Австрија (33,6), а по неа е Германија (34,0 часа).

Економските активности со најдолга работна недела во ЕУ во 2023-та година се земјоделството, шумарството и риболовот (41,5 реални работни часови), рударството (39,1) и градежништвото (38,9).

Најкратки работни недели се забележани во образованието (31,9) и уметноста, забавата и рекреацијата (33,0).

Графика: Евростат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП