28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците плаќаат најскап дизел во Европа

Британците плаќаат најскап дизел во Европа

Според податоците на британската осигурителна компанија RAC, највисока цена на дизелот има во Велика Британија во однос на остатокот од европскиот континент.

Просечната цена на еден литар дизел е 1,55 фунти, што е за 0,50 фунти повеќе од просечната цена на дизелот во Ирска и Белгија, кои се веднаш зад Велика Британија во однос на просечната цена на дизелот. RAC верува дека малопродажните цени на дизелот во Велика Британија се неразумно високи.

Како една од причините за високите цени ја истакнаа недоволната конкуренција во малопродажбата. Во прилог на ова тврдење тие го наведоа примерот на Северна Ирска како пазар со поголема конкуренција, каде просечната цена на дизелот е 1,44 фунти за литар.

Зголемувањето на цената на дизелот во Велика Британија се случи и покрај тоа што владата на оваа земја ја намали даночната стапка за возилата со мотор со внатрешно согорување за 0,50 фунти во март 2022 година. Ова беше направено за да се помогне на населението поради инфлацијата.

Податоците на RAC, исто така, покажуваат дека во другите европски земји е можно да се полни повеќе дизел по пониска цена отколку во Велика Британија, и покрај тоа што другите европски земји имаат повисока царина за гориво. Како пример за тоа ја истакнаа Италија, како земја со највисоки царини во Европа, каде просечната цена на литар дизел е за 0,70 фунти пониска отколку во Велика Британија, пренесува Sky News.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП