21 јуни, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОпштина Карпош: Не користите ги услугите на лунапаркот, можни се животозагрозувачки последици

Општина Карпош: Не користите ги услугите на лунапаркот, можни се животозагрозувачки последици

Општина Карпош објави дека за разлика од другите надлежни институции, иако има минимални надлежности, води постапка против дивопоставениот лунапарк кај базенот „Борис Трајковски“.

За жал, како што велат од Општината, ова дивеење и беззаконие на сопственикот на лунапаркот му го овозможуваат претставниците на надлежните владини институции.

„Тој не поседува одобрение за работа ниту, пак, ги има потребните безбедносни сертификати, со што не ги исполнува законските услови за да ја врши оваа дејност. Тоа значи дека безбедноста на граѓаните, а особено на младите лица, е загрозена и можни се животозагрозувачки последици“, велат од Општината.

Затоа, Општина Карпош апелира до сите граѓани, а особено до младите, да не ги користат услугите на овој лунапарк затоа што го доведуваат во опасност својот живот. Евентуалните последици, поради непочитување на законските прописи и на овој наш апел, ќе ги сносат корисниците на услугите и неодговорниот сопственик на реквизитите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП