17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman Sachs не очекува ФЕД да ги намали каматните стапки пред септември

Goldman Sachs не очекува ФЕД да ги намали каматните стапки пред септември

Њујоршката банкарска корпорација Goldman Sachs денеска објави дека не очекува американската централна банка ФЕД да ги намали каматните стапки пред септември. Голдман Сакс во претходниот извештај предвидуваше дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде веќе во јули.

Записниците од последниот состанок на Банката на федерални резерви(ФЕД) покажаа дека официјалните лица и понатаму се загрижени поради силните инфлациски притисоци, а некои членови на одборот дури изразија подготвеност за „понатамошно заострување на монетарната политика“ доколку се појават ризици од враќање на цените.

Намалувањето на стапката во јули „не изгледа најверојатен исход“ бидејќи податоците за инфлацијата, деловната активност или американскиот пазар на труд сè уште не се задоволителни, додаваат аналитичарите на Goldman Sachs.

Годишната стапка на инфлација во САД благо падна во април од мартските 3,5 на 3,4 отсто, во согласност со очекувањата на пазарот, објави американското биро за статистика на трудот (BLS) на 15 мај.

Прехранбените производи во април пораснаа за 2,2 отсто на годишно ниво, со исто темпо како и во март, додека цените на енергенсите пораснаа за 2,6 отсто, што е забрзано во однос на мартовските 2,1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП