13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден одлучи да ослободи милион барели гориво од резервите за да ги...

Бајден одлучи да ослободи милион барели гориво од резервите за да ги намали цените

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ослободи милион барели гориво од стратешките резерви, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи.

Според најавите од Вашингтон, 100.000 барели ќе бидат пуштени одеднаш и ќе се вбризгаат на слободниот пазар со цел да се намалат цените на горивата до 4 јули, Денот на независноста на САД.

Републиканската партија често ги споменува цените на горивото и огромниот скок што го почувствуваа американските граѓани за време на мандатот на Бајден како претседател во нивните предизборни кампањи.

Токму тоа е мотивацијата, според АП, за ваквата одлука на Белата куќа. Се вели дека ова е еден од ретките потези кои американскиот претседател може да ги направи во борбата против инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП