26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАФрагмент од комета го осветли небото над Шпанија и Португалија(ВИДЕО)

Фрагмент од комета го осветли небото над Шпанија и Португалија(ВИДЕО)

Блескав фрагмент од комета ненадејно го осветли небото над делови од Шпанија и Португалија синоќа, соопшти Европската вселенска агенција (ESA), а човек од Лисабон им кажа на новинарите дека глетката „се чувствувала како од филм“.

Во неделата наутро, ESA на платформата X сподели видео снимено од сопствената камера од „многу светол метеор“ на небото над западниот шпански град Касерес, во близина на границата со Португалија.

Таа подоцна објави дека се работи за „мал фрагмент од комета“, а не за метеор.

Се проценува дека кометата прелетала над Шпанија и Португалија со брзина од 45 километри во секунда пред да изгори над Атлантикот.

Во двете земји, луѓето објавуваа свои видеа на социјалните мрежи, направени во неколку португалски и шпански градови и населени места.

Сите од нив ја прикажуваат кометата како забрзува низ ноќното небо и ја осветлува со интензивни сини и зелени треперливи бои.

Жителот на Лисабон Бернардо Таборда (31) за Ројтерс изјави дека шетал низ градот со пријателите кога небото одеднаш станало светло зелено.

„Речиси се чинеше како бел ден…сите го видовме. Се чувствував како во филм. Беше неверојатно“, рече Таборда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП