13 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската комисија покрена постапка против Мета

Европската комисија покрена постапка против Мета

Европската комисија официјално покрена постапка против компанијата Мета за да процени дали е можно компанијата, која ги поседува Фејсбук и Инстаграм, да го прекршила Законот за дигитални услуги во областите поврзани со заштитата на малолетниците.

Комисијата е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да поттикнат зависност од однесувањето кај децата и да развијат т.н. ефект на зајачка дупка, односно феноменот дека апликацијата ги преплавува корисниците со слична содржина доколку покажат интерес за одредена тема. Дополнително, Комисијата е загрижена и за методите за осигурување и проверка на возраста што ги воведе Мета.

Законот за дигитални услуги има за цел да спречи нелегални и штетни активности на Интернет и ширење на дезинформации и да овозможи безбедност на корисниците, да ги заштити основните права и да развие фер и отворена средина за интернет платформите.

„Покренуваме официјална постапка против Мета. Не сме убедени дека направи доволно за да ги исполни своите обврски според Законот за дигитални услуги за да ги ублажи ризиците од негативни ефекти врз физичкото и менталното здравје на младите Европејци на своите платформи на Фејсбук и Инстаграм“, рече Тиери Бретон, Европски Комесар за внатрешен пазар.

Според него, сега детално ќе се истражат потенцијалните ефекти за зафисност и “ефект на зајачка дупка“ на платформите, ефективноста на нивните алатки за проверка на возраста и нивото на приватност што им се обезбедува на малолетниците во функционирањето на системот за препораки.

Европската комисија објаснува дека постапката против Мета се однесува на тоа дали компанијата ги исполнила своите обврски според Законот за дигитални услуги во врска со проценката и ублажувањето на ризиците предизвикани од дизајнот на онлајн интерфејсот на Facebook и Instagram, што може да ги искористи слабостите и неискуството на малолетници и предизвикуваат зависно однесување и/или го зајакнуваат „ефектот на зајачка дупка“.

Ваквата проценка, се истакнува, е неопходна за сузбивање на можните ризици за остварување на основното право на физичка и психичка благосостојба на децата и за почитување на нивните права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП