Американското Министерство за правда соопшти дека размислува дали да ја гони компанијата „Боинг“ за двете фатални несреќи на авионот 737 Макс.
Министерството за правда тврди дека „Боинг“ ги прекршил условите од договорот од 2021 година што ја заштити компанијата од кривични пријави поврзани со инцидентите, што компанијата ги негира.
Вкупно 346 лица загинаа во несреќите во Индонезија во 2018 година и Етиопија во 2019 година, пишува Би-Би-Си.
Производителот на авиони не успеа да „дизајнира, имлементира и спроведе програма за усогласеност и етика за да спречи и открие прекршување на американските закони за измами за време на неговото работење“, соопшти Министерството за правда.
Според договорот, Боинг платил спогодба од 2,5 милијарди долари, додека обвинителите се согласиле да побараат од судот да се откаже од кривичната пријава по период од три години.
Министерството за правда објави дека Боинг има рок до 13 јуни да одговори на обвиненијата, кои потоа ќе бидат земени предвид при одлучувањето за следните чекори.
Роднините на настраданите побараа кривична против фирмата.
„Ова е позитивен прв чекор, кој семејствата го чекаа долго време. Но, ние треба да видиме понатамошни активности од страна на Министерството за правда за да го повика Боинг одговорен“, рече Пол Г. Касел, адвокат на семејствата на жртвите, во изјавата. Боинг продолжи да се соочува со интензивна контрола за безбедноста на своите авиони, откако неискористена врата падна од новиот 737 Max набргу по полетувањето во јануари, оставајќи празнина на страната на авионот.
За само два дена се случија три несреќи во авионите на компанијата „Боинг“, а во исто време се појави и сведочењето на Сантијаго Паредес, инспектор за квалитет од компанија добавувач на делови, за стотина игнорирани дефекти.