27 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВерскиот туризам во Македонија пуштен на најјако

Верскиот туризам во Македонија пуштен на најјако

Верскиот туризам во Македонија добива сè поголема популарност како привлечна активност за странски и домашни туристи. 

Сопственикот на туристичка агенција во Скопје, Александар Стојановски, истакнува дека неговата агенција е специјализирана токму за организирање на тури со фокус на верските обележја во земјава.

„Нашата агенција редовно организира тури до најпознатите и најзначајните верски објекти во Македонија. Од манастирот ‘Св. Преображение’ во прилепското село Зрзе, до манастирот ‘Света Богородица’ на Трескавец, Бигорскиот манастир и женскиот манастир во Рајчица, нашите тури се дизајнирани да ги претстават овие свети места на најдобар начин”, ни изјави Стојановски.

Пензионерката Благуна Божиновска од скопската населба Нерези, која веќе досега не пропуштила тура, го поддржува верскиот туризам како прифатлива и забавна опција:

„Една екскурзија чини од 300 до 500 денари, а тоа е сосема прифатлива цена. Целиот ден е исполнет со дружба и веселба, а посетата на манастирите ни овозможува да се поврземе со нашето верско и културно наследство”, истакна Божиновска.

Верскиот туризам во Македонија не само што ги обогатува историските и културните аспекти на земјава, туку и создава позитивни искуства за туристите, независно од нивната верска припадност. 

Со ова, Македонија продолжува да се позиционира како дестинација која ги обединува сите верски и културни богатства на оваа мала, но срдечна земја.

Во продолжение, ви ги претставуваме најубавите и најзначајните манастири кои и вие мора да ги посетите во секоја епархија посебно:

Скопска епархија:

– Св. Пантелејмон, с. Горно Нерези, Скопје

– Св. Андреј, Матка

– Црква Св. Димитриј, Скопје

– Марков Манастир, Св. Димитрија, с. Маркова Сушица

– Св. Никола, с. Љубанци, Скопска Црна Гора

Полошко-кумановска епархија:

– Св. Ѓорѓи, с. Старо Нагоричане, Кумановско

– Карпински манастир, с. Сув Ора, Кумановско

– Св. Атанасиј с. Лешок Тетовско

Дебарско-кичевска епархија:

– Св. Софија, Охрид

– Плаошник, Охрид

– Св. Јован Богослов-Канео, Охрид

– Пресвета Богородица-Перивлептос, Охрид

– Св. Наум, Охридско

– Бигорски манастир Св. Јован Крстител

Преспанско-пелагониска епархија:

– Св. Ѓорѓи, с. Курбиново, Преспа

– Св. Никола, Варош, Прилепско

– Манастир „Св. Преображение“ – Зрзе, Прилепско

Повардарска епархија:

– Полошки манастир Св. Георгиј, Кавадарци

– Манастир Св.Ѓорѓи, Неготино

Брегалничка епархија:

– Св. Никола, Штип

– Лесновски манастир Св. Архангел Михаил, Лесново

Струмичка епархија:

– Пресвета Богородица Елеуса, с. Вељуса

– Св. Леонтиј, с. Водоча

– Св. Архангел Михаил, Берово

– Манастирски комплекс Св. Партениј Зографски, Стар Дојран

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП