30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon вработува 10.000 Европејци

Amazon вработува 10.000 Европејци

amazon1

Американската интернет продавница „Amazon“ најкасно до наредната година ќе отвори два дистрибутивни центри во Чешка во кои ќе бидат вработени 10.000 лица.

Новите складишта, кои ќе се наоѓаат во близина на аеродоромот во Брно, Прага, би требало да и помогнат на компанијата да ја задоволи растечката побарувачка во Европа.

Новиот центар во Чешка ќе му обезбеди на „Amazon“ побрзи и посигурни испораки на роба до европските потрошувачи. Компанијата се одлучи за Чешка, бидејќи таа располага со квалитетна работна сила и се наоѓа во срцето на Европа. Исто така, таа има добри сообраќајни врски со останатите клучни пазари, се наведува во соопштението.

Складиштата со површина од 95,000 квадратни метри, би требало да започнат да функционираат во втората половина од 2014 година. Во текот на три години во овој центар ќе бидат вработени 4.000 постојани и 6.000 сезонски работници.

Дистрибутивниот центар во Чешка ќе биде составен дел од мрежата од 25 такви центри на „Amazon“ во седум европски земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП