Европските берзански индекси денеска се во пораст, цената на нафтата „Брент“ падна под 83 долари за барел, а истовремено пораснаа и цената на златото и на пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.486,34 поени, лондонски FTSE 100 на 8.342,94 поени, француски CAC 40 на 8.092,47 поени, а московски MOEX на 3.426,11 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 38.884,26 поени пред денешното отворање на пазарот, индексот S&P 500 на 5.187,70 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq падна на 16.332,55 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 77,6 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 82,3 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 30,8 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.314,22 долари за унца, а на пченицата на 6,2856 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07456, што е за 0,26 отсто помалку од вторникот.