22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗелената енергија го поддржува закрепнувањето на германската индустрија

Зелената енергија го поддржува закрепнувањето на германската индустрија

Во 2022-ра година, 45 отсто од електричната енергија произведена во Германија ќе доаѓа од фосилни горива и главно природен гас, напиша во коментар колумнистот на „Reuters“, Гевин Мекгваер. Затоа војната во Украина и прекинот на испораките на гас од Русија имаа толку сериозно влијание врз германската економија.

Високата цена на гасот ја поскапи струјата и сериозно го погоди производството во енергетските интензивни сектори – хемиски, производство на вештачки ѓубрива итн., како и оние за кои природниот гас не е само извор на енергија, туку и суровина за производство (за ѓубрива).

Во 2023-та година, пак, благодарение на обновливите извори на енергија, цената на електричната енергија во Германија се врати на просечните нивоа од последните години, а од почетокот на 2024-та година зелената енергија е основа на заживување на индустријата во земјата, според аналитичарот.

Германија сѐ повеќе се потпира на зелена енергија – производството на офшор ветерни електрани неколку пати достигна рекорди во позадина на поволните временски услови. На почетокот на мај, соларните панели исто така поставија рекорди – за време на ручекот на 13-ти мај, соларните централи обезбедија околу 60% од оптоварувањето на мрежата во тоа време (43,8 гигавати од 72,4 гигавати), а ветерниците обезбедија уште 17% од производството.

Во Германија, врвот на производството на соларни централи е околу пладне, во опсег од 12-13 часа.

Развојот на обновливите извори на енергија во Германија води до пониски цени на електричната енергија и додавањето на нови чисти извори на енергија може дополнително да ја поддржи економијата, според Гавин Мекгваер.

Зелената енергија, исто така, значително го намалува интензитетот на јаглерод во земјата – на 13-ти мај околу пладне, таа беше само 166 грама на киловат час, во споредба со 314 грама јаглерод диоксид на киловат час во април и 425 грама во просек во 2023-та година.

166 грама во однос на националниот просек изгледаат одлично достигнување, но тоа е далеку од просекот на Франција од 45 грама јаглерод диоксид на произведен киловат час (благодарение на нејзините нуклеарни реактори). Германија ќе има повеќе можности да ги намали своите емисии во јуни и јули, кога официјално е сезона на соларни панели во земјата.

Според податоците на еколошката организација „Ember“, во 2023-та година максимумот на производство бил во јули – 9,41 терават часови. Очекувањата се дека годинава ќе има нов рекорд во производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП