Со приближувањето на летната сезона, многу Македонци се подготвуваат за своите годишни одмори, а Грција останува една од најпопуларните дестинации.
Сепак, со тековните економски предизвици и зголемените цени на горивата, патниците бараат начини да заштедат.
Еден од најефикасните методи е полнењето на резервоарот со гориво уште пред преминувањето на границата.
Според последните анализи, цената на бензинот во Македонија е значително пониска во споредба со соседна Грција.
Па така, за да наполните резервоар од 50 литри со бензин во Македонија, ќе потрошите околу 4.300 денари, додека истата количина во Грција ќе ве чини 6.200 денари.
Оваа разлика во цената претставува заштеда од околу 30 евра.
Кога станува збор за дизел, разликата е исто така забележителна.
Полнењето на резервоар со дизел во Македонија изнесува околу 4.000 денари, за разлика од 5.200 денари во Грција. Оваа заштеда може да биде значајна, особено за семејства кои планираат подолг престој.
Скопјанецот Бобан Илковски споделува едноставен, но ефикасен начин за намалување на трошоците за гориво.
„Секогаш пред да ја преминам границата со Грција, го полнам резервоарот на мојот автомобил до горе со бензин, и не заборавам да ја наполнам и плинската боца. На овој начин, можам да уживам во патувањето низ Грција без да се грижам за високите цени на горивото таму. Така можам да поминам околу 1.000 километри пред да бидам принудан да купам гориво”, раскажува Илковски.
Бобан истакнува дека разликата во цените меѓу двете земји е значителна и дека оваа тактика му овозможува да заштеди значителни суми пари.
„Со македонско гориво во резервоарот и плинската боца, сум подготвен за сите авантури на патот и можам да инвестирам повеќе во уживањето на мојот одмор”, додава тој.
И експертите советуваат дека планирањето на патувањето и искористувањето на економичните предности кои ги нуди домашниот пазар може значително да ги намали трошоците за летување.
Во време кога секоја заштеда е важна, внимателното управување со буџетот за гориво може да овозможи повеќе флексибилност и удобност во текот на одморот.
За дополнителни информации и совети за економично летување, патниците можат да се обратат во локалните туристички агенции или да ги следат најновите вести и анализи на трошоците за патување.
Б.З.М.