21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНепроменета просечната плата во Македонија

Непроменета просечната плата во Македонија

pari

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември изнесува 20.857 денари и таа е зголемена за 0,1 процент во однос на истиот месец 2011, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на покачувањето на нето-платата во секторите Стручни, научни и технички дејности, Други услужни дејности и Земјоделство, шумарство и рибарство.

Намалување има во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Рударство и вадење  камен и Земјоделство, шумарство и рибарство.

Бруто платата изнесува 30.595 денари и кај неа нема промени во споредба со ноември 2011 година, а има намалување за 0,9 проценти во однос на октомври.

Во ноември 2,2 проценти од вработените не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП