7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАKонечно добри вести од BlackBerry

Kонечно добри вести од BlackBerry

blackberry-messenger

Иако во последните години вестите околу „BlackBerry“ се претежно негативни, компанијата сепак успеа да го привлече вниманието на корисниците со свој производ. Тој е доста познатиот – „BlackBerry Messenger“, кој се веќе се нуди и за уредите со „Android“ и „iOS“.

Според статистиката на „BlackBerry“ апликацијата е превземена над 10 милиони пати од корисниците на двете платформи за првите 24 часа. Компанијата се пофали дека „BBM“ е најпопуларната апликација во „Apple App Store“ во над 75 земји.

Освен тоа „BBM“ доби и над 60 илјади 5-ѕвезди во рејтингот од корисниците.

„Пазарот во сегментот за мобилни комуникации е голема можност за развој на „BBM“. Имаме намера да се претвориме во водечка лична социјална мрежа за сите кои имаат потреба од брза комуникација, комбинирана со безбедноста, контролата и сигурноста на „BBM“, коментира потпретседателот на „BBM“, Ендрју Бокинг.

Постигнувањето е добредојдено за компанијата, која имаше проблеми со оваа апликација. Според првичните планови таа требаше да биде претставена уште минатиот месец, но компанијата тоа го одложи поради недоволно ефикасната и стабилна работа.

Плановите на „BlackBerry“ за понатаму се да стане провајдер на услуги. Компанијата го развива и облак сервисот кој ќе го нуди наскоро. Таа ќе продолжи и со поддршката на нивните уреди, но нема да ги нуди на крајните клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП