10 ноември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛани Турција заработи 2,3 милијарди долари приход од здравствениот туризам

Лани Турција заработи 2,3 милијарди долари приход од здравствениот туризам

Приходите од здравствениот туризам во Турција во 2023-та година изнесуваат 2,3 милијарди долари, покажуваат податоците на турското Министерство за трговија. Минатата година земјата ја посетиле 1,4 милиони туристи според системот за здравствен туризам.

Според податоците, 40 здравствени установи во 5 од најголемите окрузи во земјава се сертифицирани со меѓународна акредитација според системот на здравствен туризам.

Според овој показател, Турција е на 7-то место во светот.

Здравствениот туризам е еден од најбрзо растечките сектори во светот. Турција покажува значителен напредок во оваа област. Сепак, досега постигнатото е под капацитетот на земјата, сметаат експертите од Турското здружение за пластична и естетска хирургија.

Според д-р Ебру Шен од здружението, во земјата се регистрирани 175 институции кои работат во секторот здравствен туризам.

„Бројот на барања постојано се зголемува, што е показател за популарноста и преференциите во оваа област. Инвестициите направени за развој на овој тренд вродуваат со плод“, вели таа.

На ова се додаде и поддршката на турското Министерство за трговија и Министерството за култура и туризам за промовирање на достигнувањата во здравствениот сектор, инвестициите во медицинската инфраструктура и опрема, како и за зголемување на конкурентноста на меѓународните пазари преку учество на меѓународни изложби, посети до делегации, отворање на регионални одделенија во земјите кои испраќаат значителен број туристи во Турција.

„Се активираат заедничките напори на институциите вклучени во секторот за да се постигне зголемување на уделот на Турција во глобалниот здравствен туризам. Целта е нашата земја да стане светски центар на здравствен туризам“, резимира д-р Ебру Шен.

Според Здружението на турски туристички агенции (ТУРСАБ), Германија е на прво место по бројот на туристи кои ја посетуваат Турција според системот за здравствен туризам, а потоа следат Велика Британија, Русија и Азербејџан. Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово се меѓу земјите на Балканот од каде што доаѓаат најмногу туристи за здравствени услуги.

Главните сектори кои се претпочитаат за лекување во Турција од странски пациенти се гинекологија, офталмологија, медицинска биохемија, општа хирургија, стоматологија, ортопедија и трауматологија, заразни болести. Пластичната хирургија и трансплантацијата на коса се исто така барани од странците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП