25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во декември намалено за осум отсто

Индустриското производство во декември намалено за осум отсто

industrialpro

Индустриското производство во декември 2012 во однос на декември претходната година бележи пад од 8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Идустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 1,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8,8 отсто.

Според главните индустриски групи, производството бележи опаѓање кај Енергијата за 14,3 проценти, Капиталните производи за 10,8 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 23,4 отсто и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 12 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,9 отсто.

Индустриското производство во периодот јануари-декември 2012 година, во однос на периодот јануари-декември 2011 година, бележи пад од 6,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП