20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 8 години намалена каматната стапка во Шведска

По 8 години намалена каматната стапка во Шведска

Централната банка на Шведска ја намали основната каматна стапка за прв пат по осум години, објави „Bloomberg“.

Централната банка во Стокхолм ја намали стапката за четвртина поен на 3,75% и сигнализираше дека таа може да биде намалена уште двапати во втората половина од годината.

Две третини од економистите анкетирани од „Bloomberg“ го очекуваа овој потег, додека останатите сметаа дека регулаторот ќе ги задржи трошоците за задолжување непроменети.

„Инфлацијата се приближува до целта, додека економската активност во земјата останува слаба“, се вели во соопштението на централните банкари во средата. „Затоа, централната банка може да ја олесни својата монетарна политика“, додаваат тие.

Со овој потег, шведската централна банка станува втора по Швајцарија меѓу развиените економии што ја олеснува монетарната политика по пандемијата со Ковид-19.

Гувернерот на шведскиот регулатор, Ерик Тедин, и неговите колеги посочија дека намалувањето на трошоците за задолжување е веројатно во мај или во јуни. Нивните избори покажуваат дека домашната ситуација на потиснување на инфлацијата и лошата економија имаат предност пред загриженоста дека надминувањето на поголемите ривали ќе доведе до дополнително слабеење на круната, што пак ќе ги зголеми цените на увозот.

Глобалната кампања за заострување на каматните стапки откако пандемијата стивна, имаше значително влијание врз шведската економија, бидејќи голем дел од кредитите на скандинавската земја се со краткорочни фиксни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП