9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft работи на конкурент на Google Glass

Microsoft работи на конкурент на Google Glass

mikroa

„Microsoft“ веќе работи со своите партнери, за да создаде интернет-компатибилни очила со додадена реалност, кои ќе служат како конкурент на „Google Glass“. Според „The Wall Street Journal“, анонимни извори велат дека „Microsoft“ веќе тестира прототипи и побарал неколку производители на компоненти во Азија да обезбедат камери и други клучни елементи за прототипите на очилата.

Изворот кој е запознаен со проектот на „Microsoft“, изјави дека уредот може никогаш да не стигне до масовно производство, но дека „Microsoft“ е решена да ја преземе водечката улога во производството на хардвер за да се увери дека компанијата нема да ги пропушти можностите на пазарот.

Паралелно со тоа продолжуваат и тестовите на паметниот рачен часовник. Деталите за него сепак се минимални и со ништо не се разликуваат од информациите што се појави оваа пролет.

За сега очилата на „Microsoft“ се само гласина, но тоа е секако интересно со оглед дека „Sony“ најави тестирање на нивни сличен уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП