28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Швајцарија владее страв од прекинување на работата

Во Швајцарија владее страв од прекинување на работата

shva1

Компаниите во Швајцарија не се грижат премногу за сајбер криминалот или за исчезнувањето на електричната енергија, тие стравуваат од прекини на работата, катастрофата и колапсот на еврозоната.

Ова се резултатите од студијата „Ризик барометар“, која беше спроведена од страна на германската осигурителна компанија „Алијанс“.

Студијата беше спроведена на крајот од минатата година, и во неа беа вклучени околу 500 стручни лица од 28 земји. Оваа студија ги откри главните стравови на компаниите во целиот свет.

Можноста за затварање на компании и ниското производство се главните грижи на испитаниците. Околу 46 проценти од нив, на светско ниво, го истакнаа овој ризик, а само во Швајцарија 57 проценти.

Природните катастрофи се наоѓаат на второто место на листата која ги содржи најголемите стравувања на Швајцарија и на светот. Загриженоста во врска со можниот колапс на еврозоната е на третото место во Швајцарија, а на девето во светот. Потоа следи ризикот од уништување на угледот на брендот. Бидејки швајцарските компании имаат одличен имиџ во светот, не е чудно зошто овој ризик е на висока позиција, додека во светот, тој се наоѓа на десеттото место.

Швајцарските компании се плашат од пожар и од поплава, негативните флуктуации на пазарот, особено во однос на движење на валутите, намалувањето на квалитетот и конкурентноста.

На деветтото место во Швајцарија се наоѓаат информатичките инциденти кои произлегуваат од сајбер криминалот, а речиси секоја седма фирма во оваа земја е свесна за овој ризик, истакна „Алијанс“. Истото важи и за ризикот од прекин на електрична енергија.

Другото изненадување во оваа студија беше тоа што, и покрај економската криза, швајцарските компании не се плашат од стагнација или рецесија на пазарот, овие ризици од нивна страна се оценети како најслаби.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП