15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСите намалуваат, Грција воведува шестдневна работна недела

Сите намалуваат, Грција воведува шестдневна работна недела

Во јуни Грција воведува шестдневна работна недела, а оваа обврска ќе важи за државните служби, банките, комуналните претпријатија и други компании и организации.

Станува збор за државни институции кои до сега работеа пет дена во неделата.

Што се однесува до ограничувањата, вработен не смее да работи повеќе од осум часа во шестиот работен ден и не е дозволена прекувремена работа.

Во случај фирмите да имаат петдневни ноќни смени, работникот шести ден може да не работи ноќна смена.

Оваа одредба која стапува на сила од 1 јуни, не мора да ја следат работодавачите на фирмите кои претходно не работеле пет дена во неделата, а има и други исклучоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП