5 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСилјановска со убедливо водство пред Пендаровски

Силјановска со убедливо водство пред Пендаровски

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори, каде што, како и во 2019 година, ќе се соочи со својот опонент Стево Пендаровски.

Според пребројани 99,85 отсто од гласовите, Силјановска освои 362.682 гласа, односно 40,08 отсто, а Пендаровски првиот изборен круг го завршува со 180.306 гласа, односно 19,93 отсто.

Зад нив е Бујар Османи од Европскиот фронт со освоени 120.903 гласа (13,36 отсто), потоа Максим Димириевски од ЗНАМ со 83.787 гласа (9,26 отсто), Арбен Таравари од „Вреди“ со 83.356 гласа (9,21 отсто). Следна е Билјана Ванковска од Левицата со освоени 41.172 гласа (4,55 отсто) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 0,90 отсто, односно 8.103 гласа.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП