2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов бизнис потег на Бил Гејтс

Нов бизнис потег на Бил Гејтс

Bill Gates

Американскиот милијардер Бил Гејтс купи 113.5 милиони вреден удел во шпанската градежна и услужна групација „FCC“, што доведе до раст на акциите на компанијата.

Акциите на „FCC“ скокнаа за 11.74 проценти или на 17.55 евра по отворањето на берзата во Мадрид, како реакција на купувањето шест проценти од уделот во компанијата од страна на Гејтс.

Па така Гејтс стана вториот по големина акционер во „FCC“, по претседателката на компанијата и една од најбогатите жени во светот, Естер Копловиц. Акциите на шпанската групација вчера забележаа раст за 5.42 проценти, пред да биде соопштена веста за купувањето на акциите.

„FCC“ во јули обезбеди проект за изградба на три линии од метрото во Ријад. Меѓу меѓународните проекти на компанијата се обновата на историскиот мост „Џералд Дезмонд“ во Лос Анџелес и изградбата на метрото во Панама, првото во Централна Америка.

Групацијата во првата половина од 2013-та година евидентираше загуба од 607.6 милиони евра, во однос на нето-профитот од 53.4 милиони евра во истиот период во 2012-та година. Причината за ваквите резултати пред се, се поради колапсот на нејзината австриска филијала „Алпине Блау“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП