Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.9 %), Административни и помошни услужни дејности (22.5 %) и Уметност, забава и рекреација (20.4 %).

