3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСирупот од коприва е одличен за целиот организам: Еве како да го...

Сирупот од коприва е одличен за целиот организам: Еве како да го направите дома

Во тенџере ставете листови од коприва, лимон исечкан на прстени и вода – поклопете и оставете да отстои 24 часа. После тоа, процедете сè така што ќе ставите газа на ситото.

Соберете ги младите листови (врвот на копривата и 3 до 4 реда под врвот) некаде во природа каде што нема сообраќај, малку индустрија и загаден воздух. Шеќерот можете да го замените со стевиа или поголема количина мед.

Овој сируп е одличен за целото тело, одличен е против алергии, проблеми со варењето и анемија и го зајакнува имунитетот.

Состојки:

800 гр листови од млада коприва
15 лимони
1,5 кг шеќер
10 лажици ливадски мед
2 литри вода

Постапка:
Во тенџерето ставете листови од коприва, лимон исечкан на прстени и вода – поклопете и оставете да отстои 24 часа. После тоа, процедете сè така што ќе ставите газа на ситото. Со раце исцедете ги лимонот и копривата за да излезе што повеќе сок.

На крајот додадете шеќер (или друг засладувач) и оставете да отстои неколку часа, повремено мешајќи додека не се раствори целиот шеќер. Готовиот сируп истурете го во стерилизирани шишиња и чувајте го на ладно место. Ако сакате вашиот сируп да трае подолго, можете да го пастеризирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП