9 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНастинка или алергија?! Сите се жалат на овие симптоми, но не знаат...

Настинка или алергија?! Сите се жалат на овие симптоми, но не знаат што се – еве како се разликуваат

Оваа зима беше една од најтоплите откако има мерења кај нас, а поради топлото време во февруари и март дрвјата почнаа порано да цветаат, што доведе до рана сезона на алергии.

Постојано се зголемува бројот на луѓе кои имаат проблеми со алергии, велат алерголозите, а сезоната на алергии трае подолго поради климатските промени. Температурите од 15 до 20 Целзиусови степени во февруари, а потоа и летните денови на крајот на март и почетокот на април, предизвикаа многу видови растенија да процветаат одеднаш.

Се чини дека секаде каде што ќе се свртиме овие денови, возрасните, па дури и децата киваат, им солзат очите, кашлаат… Многумина од нив велат дека никогаш претходно немале алергии и дека не знаат што им се случува.

Од друга страна, ова нагло опаѓање на температурата за 15 степени целзиусови доведе до тоа многумина да настинат, а некои граѓани имаат дилема дали настинале или се алергични на поленот на некое растение.

Инаку, лекарите велат дека алергиите и настинките се два сосема различни ентитети со слични симптоми, па од пролет до есен понекогаш е тешко да се разликуваат.

Најчести симптоми на алергија се чешање на очите и носот, кивање, затнат нос, сува, иритирачка кашлица, воден чист исцедок од носот, замор, а најсериозните симптоми се отежнато дишење и свирење во градите кога зборуваме за астма.

Што се однесува до симптомите на настинка, се јавуваат болки во мускулите и зглобовите, кивање, замор, кашлица, жолт исцедок од носот, а водечка разлика од алергија е присуството на температура, додека кај настинка нема чешање на очите и носот. Настинките обично траат до една недела, а алергиите до две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП