2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФон дер Лајен: Наскоро може да има изобилство на гас на пазарот...

Фон дер Лајен: Наскоро може да има изобилство на гас на пазарот на ЕУ

Нови проекти за терминали за ЛНГ се очекуваат во Европската унија од следната година и наскоро би можело да има изобилство на пазарот. Ова значително ќе ги намали цените, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по завршувањето на дводневниот вонреден состанок на Европскиот совет.

Таа истакна дека денешните високи цени се пречка за европската конкурентност, особено во производството на метал, стакло и ѓубрива.

„Во ЕУ не само што мораме да користиме дигитални услуги и производи, туку да бидеме водечка сила во светот на ова поле“, инсистираше Фон дер Лајен.

Според неа, на инвеститорите во ЕУ им е потребна предвидливост.

„Ни треба легална миграција. Минатата година 3,5 милиони странци пристигнаа во ЕУ легално, поканети од работодавците – тоа е три пати повеќе од бројот на мигранти кои дошле илегално“, рече Фон дер Лајен.

По повод дискутираниот извештај за европската конкурентност, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, посочи дека е неопходно да се воведе унифициран пристап кон прашањето на банкротите во ЕУ.

„Треба да ги приближиме условите за работа на компаниите, да ги поттикнеме инвестициите и пристапот до финансии“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП