1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие суперхрани го намалуваат ризикот од рак и придонесуваат за долговечност

Овие суперхрани го намалуваат ризикот од рак и придонесуваат за долговечност

Здравата и урамнотежена исхрана е многу важна за одржување на добра состојба на организмот, а познато е дека некои намирници имаат големо влијание во градењето на имунолошкиот систем и борбата против одредени болести.

Научниците тврдат дека два вида на храна докажано имаат влијание врз потенцијално смртоносните болести и не штитат од деменција, рак и срцеви заболувања.

Први на листата се зелените лиснати зеленчуци, како што се спанаќот, кељот, зелката и зелената салата. Тие се сметаат за основна храна за мозокот поради есенцијалните хранливи материи, вклучувајќи витамин К, лутеин и фолати, и низа корисни растителни флавоноиди. Луѓето кои јаделе две или повеќе порции неделно имаат тенденција да имаат меморија и сеќавање на некој 11 години помлад.

Јаткастите плодови сѐ уште една суперхрана која нуди голем број здравствени придобивки. Луѓето кои јадат јаткасти плодови можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања за речиси 30 проценти, рак за 15 проценти и прерана смрт за 22 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП