30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната инфлација во еврозоната потврдена на 2,4 отсто

Годишната инфлација во еврозоната потврдена на 2,4 отсто

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во март годинава изнесуваше 2,4 отсто, а е во помал пад, бидејќи во февруари изнесуваше 2,6 отсто.

Една година претходно стапката на инфлација беше 6,9 отсто, објави Евростат.

Годишната инфлација во Европската унија во март изнесуваше 2,6 отсто, наспроти 2,8 отсто во февруари годинава. Една година претходно, стапката беше 8,3 отсто.

Најниски годишни стапки на инфлација се регистрирани во Литванија (0,4 отсто), Финска (0,6 отсто) и Данска (0,8 отсто). Највисоки годишни стапки се забележани во Романија (6,7 отсто), Хрватска (4,9 отсто), Естонија и Австрија (и двете од 4,1 отсто).

Во споредба со февруари, годишната инфлација падна во 13 земји-членки, во четири остана стабилна и во десет се зголеми.

Во март, најголем придонес во годишната стапка на инфлација во еврозоната имаа услугите (+1,76 процентни поени, п.п.), потоа храната, алкохолот и тутунот (+0,53 п.п.), неенергетските индустриски производи (+0,30 п.п.) и енергијата(-0,16 п.п.).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП