30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Grok AI“ на Маск стана помоќен, еве што може да направи сега!

„Grok AI“ на Маск стана помоќен, еве што може да направи сега!

Компанијата „xAI“, која е основана од Илон Маск и е ривал на „OpenAI“, ја претстави првата верзија на својот модел „Grok AI“ што може да обработува визуелни информации.

„Grok-1.5V“ ја претставува првата генерација на мултимодална вештачка интелигенција модел на компанијата, кој не само што обработува текст, туку и документи, дијаграми, графикони, слики од екранот и фотографии.

Во својот пост, „xAI“ даде неколку примери за тоа како „Grok“ сега работи во реалниот живот. На пример, можете да му покажете на „Grok“ фотографија од графикон и да побарате од него код за „Python“ или да побарате од него да напише приказна врз основа на цртежот или да објасни меме што не го разбирате.

Способностите „Grok-1.5V“ ќе бидат достапни за раните тестери и постоечките корисници наскоро, но компанијата „xAI“ не објави конкретна временска рамка за испорака на новиот модел со вештачка интелигенција до корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП