3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската централна банка ги задржа старите каматни стапки

Кинеската централна банка ги задржа старите каматни стапки

Кинеската централна банка ја остави референтната каматна стапка непроменета рано утринава, како што се очекуваше откако извлече дел од готовината од банкарскиот систем преку инструмент за обврзници.

Народната банка на Кина (PBOC) соопшти дека ја задржува стапката од 2,5 отсто што ја применува за среднорочни заеми (MLF) во вредност од 100 милијарди јуани (13,82 милијарди долари) на одредени финансиски институции.

Во анкетата на Ројтерс во која учествуваа 31 упатени во кинескиот пазар, сите испитаници очекуваа PBOC да ја задржи каматната стапка на MLF непроменета.

Со заеми од MLF во вредност од 170 милијарди јуани кои треба да доспеат овој месец, кредитната операција резултираше со нето 70 милијарди јуани нови повлекувања од банкарскиот систем.

Централната банка исто така инјектирала две милијарди јуани преку седумдневни обратни репо-трансакции, а нивната цена на позајмување исто така останала непроменета на 1,80 отсто, се вели во онлајн соопштението на банката. Еден американски долар вреди приближно 7,2 јуани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП