3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Аргентина во март речиси 288 отсто

Инфлацијата во Аргентина во март речиси 288 отсто

Годишната потрошувачка инфлација во Аргентина порасна на нов рекорд од речиси 288 отсто во март, покажуваат податоците објавени во петокот.

На месечно ниво, индексот на потрошувачки цени (ИПК) во март бележи пораст од 11 отсто во однос на претходниот месец, по растот од 13,2 отсто во февруари.

Индексот на трошоците на животот забележа пораст од 51,6 отсто во првиот квартал, пишува Националниот институт за статистика и пописи на населението Кс.

Потрошувачката инфлација се искачи на ново рекордно ниво од 287,9 отсто на годишна основа, објави институтот.

Годишната потрошувачка на инфлација во таа јужноамериканска земја достигна 276,2 отсто во февруари, по 254,2 отсто во јануари, што е највисока во повеќе од три децении.

Централната банка на Аргентина ги намали каматните стапки на 70 отсто од 80 отсто во четвртокот, што е трето намалување на стапките откако претседателот Хавиер Мајли ја презеде функцијата во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП