29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораснаа заштедите на домаќинствата во еврозоната на крајот на 2023-та (ИНФОГРАФИК)

Пораснаа заштедите на домаќинствата во еврозоната на крајот на 2023-та (ИНФОГРАФИК)

Нивото на заштедите на домаќинствата во еврозоната во последниот квартал од 2023-та година се зголеми на 14,6% од 13,9% во претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Истовремено, забележан е пад на процентот на инвестиции на домаќинствата – од 9,8% на 9,7% во четвртиот квартал. Зголеменото ниво на штедење се објаснува со растот на бруто расположливиот доход за 1,2% со побрза стапка од потрошувачката која порасна за 0,4%.

Извор: Евростат

Во четвртиот квартал од 2023-та година, уделот во профитот на нефинансиските корпорации во еврозоната падна од 40,5% на 40,3%. Ова е најниската вредност од третиот квартал на 2020-та година. Овој ефект се објаснува со зголемувањето на надоместоците на вработените во компаниите (плати и социјално осигурување) плус даноците минус субвенциите за производство за 1,6%, што е побрзо од порастот на бруто додадената вредност (+1,2%).

Нивото на деловни инвестиции во еврозоната благо падна во последниот квартал од минатата година од 22,6% на 26,5%.

Извор: Евростат

Врвните нивоа на индикаторот се пријавени во вториот квартал од 2015-та година, вториот квартал од 2017-та година, четвртиот квартал од 2019-та година и првиот квартал од 2020-та година, а тоа се должи на големиот увоз на производи од интелектуална сопственост поради ефектите од глобализацијата, според Европската статистичка служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП