Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.04/2024 за долгови доспеани до 31.12.2023 и неплатени до 31.03.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.04/2024 објавени се 1831 должници – правни лица (повеќе за 30 од претходната листа) и 3679 физички лица (повеќе за 73 од претходната листа).

