4 мај, 2024
ПочетнаАКТУЕЛНОМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за март 2024

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за март 2024

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03 – 31.03.2024 година вкупниот промет изнесувал 633.634.563 денари и е намален за 26,00 отсто во однос на претходниот месец.

Класичното тргување изнесувало 461.953.235 денари и е намалено во однос на февруари за 34,05 отсто.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 418.350.723 денари и обврзници во вредност од 43.602.512 денари.

Блок трансакциите за март изнесувале 171.681.328 денари.

Бројот на трансакции во март изнесувал 1.464 и е намален за 37,19 отсто во однос на февруари кога изнесувал 2.331.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за март се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за март 2024 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП