2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦукерберг го помина Маск на листата на милијардери, сега е трет во...

Цукерберг го помина Маск на листата на милијардери, сега е трет во светот

Марк Цукерберг денеска го престигна Илон Маск на листата на Блумберг за најбогати луѓе во светот, па така основачот на Фејсбук е на третото место, а за прв пат пред Маск од 2020 година.

Маск, кој беше на врвот на листата на милијардери на Блумберг на почетокот на март, падна на четвртото место откако Ројтерс објави дека Тесла ги откажал плановите за производство на поевтини автомобили, со што акциите паднале, иако Маск го негираше извештајот на новинската агенција.

Богатството на Маск падна за 48,4 милијарди долари оваа година, додека Цукерберг додаде 58,9 милијарди долари, бидејќи неговата компанија Мета се зголеми на берзата, достигнувајќи нов рекорд денес.

Ова е прв пат Цукерберг да влезе во првите три на листата на Блумберг за најбогати луѓе во светот од 16 ноември.

Тогаш тој имаше 104,8 милијарди долари, а богатството на Маск беше проценето на 102,2 милијарди.

Моментално имотот на Маск се проценува на 180,6 милијарди, а на Цукерберг на 186,9.

На листата на Блумберг на прво место е францускиот бизнисмен Бернар Арно, додека вториот е сопственикот на Амазон, американецот Џеф Безос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП