1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на малопродажбата во еврозоната и ЕУ на месечна основа

Пад на малопродажбата во еврозоната и ЕУ на месечна основа

Обемот на малопродажбата е намален за 0,5 отсто во еврозоната и 0,4 отсто во Европската унија на месечна основа во февруари, покажуваат официјалните податоци на Евростат објавени во петокот.

Во февруари, обемот на трговијата на мало во еврозоната е намален за 0,4 отсто за храна, пијалаци и тутун, за 0,2 отсто за непрехранбените производи (без моторните горива) и за 1,4 отсто за моторните горива.

Во исто време во ЕУ, обемот на трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун е намален за 0,5 отсто, непрехранбени производи (освен гориво за автомобили) за 0,1 отсто, а гориво за автомобили за 0,9 отсто.

Најголем месечен пад на вкупниот обем на трговија на мало е забележан во Германија (-1,9 отсто), Белгија (-1,8 отсто) и Кипар (-1,1 отсто).

Најголем раст е забележан во Полска (+1,4 отсто), Хрватска (+1,2 отсто) и Естонија (+1,0 отсто). На годишна основа, обемот на трговијата на мало падна за 0,7 отсто во еврозоната и 0,2 отсто во ЕУ.

Најголем годишен пад на вкупниот обем на трговија на мало е забележан во Белгија (-6,8 отсто), Словенија (-5,6 отсто) и Финска (-3,7 отсто).

Најголем пораст е забележан во Хрватска (+9,2 отсто), Романија (+8,7 отсто) и Луксембург (+6,9 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП