3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорката на ММФ Георгиева предложена за втор мандат, нема противкандидат

Директорката на ММФ Георгиева предложена за втор мандат, нема противкандидат

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) потврди дека Кристалина Георгиева, актуелната генерална директорка, е единствениот кандидат да ја води меѓународната финансиска институција по истекот на нејзиниот прв мандат.

Ваквата најава го прави речиси сигурно враќањето на Георгиева на чело на ММФ по истекот на нејзиниот мандат на 30 септември.

Според контроверзниот, повеќедецениски договор меѓу Европа и Соединетите Американски Држави, на чело на ММФ досега беше Европеец, а на Светска банка американски државјанин.

Шефот на ММФ е Европеец, а на Светска банка Американец

Ваквиот непишан аранжман беше потврден минатата година кога администрацијата на Бајден го номинираше Аџеј Банга, роден во Индија, но натурализиран американски државјанин, да ја води Светската банка.

Бугарската државјанка Георгиева го води ММФ од 2019 година и минатиот месец изјави за АФП дека се става на располагање за „да служи, ако луѓето сакаат таа да служи“.

За време на мандатот на Георгиева, ММФ им помагаше на земјите кои се соочија со финансиски тешкотии за време на пандемијата, како и со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП