2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Швајцарија го достигна најниското ниво во последните две и пол...

Инфлацијата во Швајцарија го достигна најниското ниво во последните две и пол години

Швајцарската инфлација во март забави на најниско ниво во последните две и пол години, поддржувајќи ја одлуката на швајцарската централна банка минатиот месец да ги намали каматните стапки за прв пат од 2015-та година, покажаа официјалните податоци во четвртокот.

Потрошувачките цени се зголемија за 1 отсто од март 2023-та година, што е нивно најниско ниво од септември 2021-ва година и под нивото од 1,2 отсто во февруари, објави „Reuters“. Ова е десетти месец по ред како инфлацијата е во рамките на целта на централната банка од 0-2%. Анкетата на „Reuters“ прогнозираше ниво од 1,3%.

Швајцарија беше заштитена од инфлација со силниот франк, при што увозот падна во вредност од 1,3% во март.

Намалени се и трошоците за храна, како и за ресторани и хотели.

Во март, централната банка ја намали основната каматна стапка на 1,5% и рече дека очекува инфлацијата да остане ниска во следните неколку години.

Заменик-гувернерот Мартин Шлегел минатата недела изјави дека ниските инфлациски притисоци дозволиле намалување на стапките, а аналитичарите анкетирани од „Reuters“ велат дека ќе следат уште повеќе оваа година.

На месечна основа цените не се менуваат, покажуваат податоците на Федералната статистичка служба.

Уште еден месец на ниска инфлација ќе ја зголеми довербата на централната банка дека е правилно да се намалат стапките, но прерано е да се влијае на следната политичка одлука во јуни, рече економистот на „UBS“ Максим Ботерон.

„Швајцарската централна банка дополнително ќе ја испита ситуацијата со инфлацијата во мај пред да одлучи што да прави со каматните стапки во јуни, бидејќи повисоките кирии во Швајцарија потоа ќе имаат влијание“, рече тој.

„Швајцарската централна банка исто така ќе земе предвид што ќе направат ЕЦБ и ФЕД. Ако ги намалат стапките, тогаш швајцарската централна банка е поверојатно повторно да ги намали, бидејќи нема да сака да ризикува повторно да поскапи франкот“, вели Ботерон, кој очекува институцијата да ги намали стапките на 1,25% во јуни и на 1 % во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП