12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle инвестираше 73 милиони франци во Русија

Nestle инвестираше 73 милиони франци во Русија

nestle1

Швајцарската прехрамбена компанија „Nestle“ инвестираше 73 милиони франци во новата фабрика за производство на брендот „Maggi“ во Русија

Најголемиот светски прехрамбен производител, во новата фабрика, во регионот Владимир, источно од Москва, годишно ќе произведува околу 30.000 тони од производите од брендот „Maggi“, пред се, инстант супи, чoрби и сосови, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Производите ќе бидат наменети за пазарот на Русија и поранешните советски републики.

Со оваа инвестиција, „Nestle“ ќе отвори повеќе од 600 нови работни места, се прецизира во соопштението од компанијата. Новата фабрика е единаесетиот производствен погон на „Nestle“ во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП