2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој чај го чисти црниот дроб, а исто така може да ги...

Овој чај го чисти црниот дроб, а исто така може да ги раствори и камењата во бубрезите

Чајот од ѓумбир го стимулира варењето, ја подобрува циркулацијата и поттикнува елиминација на токсините преку потење.

Ѓумбирот е веројатно една од најдобрите билки за детоксикација, неговите состојки се антиинфламаторни и моќни антиоксиданси.

Одличен е и за исфрлање на акумулираните токсини и отпадни материи од цревата и црниот дроб. Овој моќен чај ни дава енергија наутро, стимулира попладне, а нè загрева навечер.

Позитивниот ефект на ѓумбирот врз здравјето не завршува тука. Поддржува регенерација на црниот дроб, раствора камења во бубрезите, раст и репродукција на посакуваните бактерии во цревата, нормализирање на зголемената концентрација на шеќер во крвта, а исто така ги спречува несаканите промени во телото кои го придружуваат дијабетесот.

Како да направите чај од ѓумбир

Компоненти:

еден корен свеж ѓумбир, дебел околу 2,5 см, исечен на кришки

една чаша вода

дополнителни ароми по желба (одберете само еден): стапче цимет, тенко исечен корен од куркума или неколку листови свежо нане

тенко парче свеж лимон или портокал

една кафена лажичка мед или јаворов сируп.

Подготовка:

Во тенџере на силен оган измешајте го исечениот ѓумбир и водата. Ако сакате, додадете стапче цимет, куркума или нане. Оставете да зоврие, а потоа намалете ја топлината на доволно за да врие пет минути. Извадете го ѓезвето од шпоретот. Внимателно процедете ја течноста преку цедалка во чаша.

По желба послужете со парче лимон или портокал.

Додадете мед или јаворов сируп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП