27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРен: Шпанија може да ја ублажи програмата за штедење

Рен: Шпанија може да ја ублажи програмата за штедење

oli1

Шпанската програма за штедење може да биде ублаженa доколку економската активност продолжи да се намалува, изјави Оли Рен.

Рен изјави дека на Шпанија може да и се даде повеќе простор за да ги исполни строгите буџетски цели.

„Ние ги земаме во предвид изгледите за раст и фискалниот простор на секоја земја кога ја правиме проценката“, изјави Оли Рен, мислејќи на проценката за напредокот на Шпанија, во постигнувањето на зацртаните цели, која треба да биде објавена следниот месец.

Реализацијата на програмата за штедење влијае на падот на економските активности и невработеноста која во последниот квартал се зголеми на рекордни 26 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП