17 април, 2025
ПочетнаСВЕТПотрагата по двегодишното девојче продолжува, приведен е и полицаец

Потрагата по двегодишното девојче продолжува, приведен е и полицаец

Денеска продолжува потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор во Србија, чие исчезнување било пријавено во вторникот на 26 март.

Спасувачките екипи ја пребараа околината на куќата, тунели, шуми… Медиумите јавуваат дека се размислува за пребарување и на езерото Бор. Мајката вчера повторно била во полициска станица, а а причината била да и помогне на полицијата бидејќи добивала различни пријави.

Полицаец од СВР Бор е приведен поради откривање информации од истрагата за исчезнувањето на девојчето. Не се знае за какви информации се работи и кому полицаецот ги дал, но се работи за информации од истрагата кои евентуално би можеле да ја загрозат.

Во петокот машини го чистеа просторот околу куќата.

Девојчето Данка Илиќ, кое исчезна во вторникот во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле во Бор, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Во моментот на нејзиното исчезнување, таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни тениски чевли и косата врзана во опавче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП