27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Домаќинствата во еврозоната и понатаму слабо се задолжуваат кај банките

ЕЦБ: Домаќинствата во еврозоната и понатаму слабо се задолжуваат кај банките

Домаќинствата во еврозоната и понатаму слабо позајмуваат од банките, се вели во извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во февруари објавен денеска.

Банкарските кредити на домаќинствата во еврозоната се зголемија за 0,3 отсто на годишно ниво во февруари, исто како и во јануари, што е најбавна годишна стапка на раст од март 2015 година, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ.

Вкупната вредност на кредитите на приватните компании (освен финансиските) во февруари е зголемена за 0,4 отсто на годишно ниво.

Во јануари претходно беше забележан раст на кредитите во оваа категорија на годишно ниво од 0,2 отсто. Вредноста на монетарниот агрегат М3 на вкупните ликвидни средства на еврозоната во февруари се зголеми за 0,4 отсто на годишно ниво, а вредноста на потесниот монетарен агрегат М1, кој ги вклучува парите во оптек и депозитите преку ноќ, падна за 7,7 отсто во споредба до истиот месец минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП