27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Крипто кралот“ осуден на 25 години за измама: Украл осум милијарди долари

„Крипто кралот“ осуден на 25 години за измама: Украл осум милијарди долари

„Кралот на измамите“ со криптовалути Сем Бенкмен-Фрид е осуден на 25 години затвор поради кражба на осум милијарди долари од клиенти преку компанијата FTX, која се занимавала со трговија со криптовалути, пренесува Ројтерс.

Судијата на окружниот суд Луис Каплан ја донесе пресудата, бидејќи аргументите на поранешното „чудо од дете“ Банкмен-Фрид дека не се изгубени пари и покрај банкротот на FTX беа отфрлени.

На 2 ноември, поротата го прогласи Банкмен-Фрид (32) за виновен по седум точки од обвинението за измама и заговор за пропаст на FTX , во она што обвинителите ја нарекоа една од најголемите финансиски измами во историјата на САД.

Знаеше дека тоа што го прави е погрешно, рече Каплан додека ја читаше пресудата.

Исто така, знаел дека тоа е кривично дело и жали за погрешната одлука поради која бил фатен, рече судијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП