27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците плаќаат највисоки банкарски провизии

Германците плаќаат највисоки банкарски провизии

Клиентите на банките во Германија плаќаат високи банкарски провизии за основни сметки во споредба со другите земји од ЕУ, покажува анализата на центрите за советување потрошувачи.

Давачките можат да бидат и до 28 евра месечно, пишува „Шпигел“ повикувајќи се на анализата на Федералната асоцијација на потрошувачки центри.

-Трошоците за одржување основна сметка во Германија се убедливо најголеми во Европа – изјави Рамона Поп, претседателка на ова здружение, додавајќи дека истата услуга чини 13 евра во Данска и 10 во Финска. Во Франција, Ирска и Полска одржувањето тековните сметки се бесплатни бидејќи се неопходни за основни цели, како што се исплата на плати или плаќање на комунални услуги.

Од 2016 година, секој германски државјанин има право на тековна сметка како резултат на директивата на ЕУ, додека претходно оние без постојан престој или бегалци, на пример, честопати имаа потешкотии да отворат банкарски сметки.

-Животот во современото општество е незамислив без банкарска сметка – рече Поп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП