8 мај, 2024
ПочетнаСВЕТРуските истражители во Таџикистан ги испрашуваат семејствата на осомничените

Руските истражители во Таџикистан ги испрашуваат семејствата на осомничените

Руските истражители во Таџикистан ги испрашуваат семејствата на осомничените за нападот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во близина на Москва, во кој загинаа 139 лица, изјавија три таџикистански безбедносни извори за Ројтерс.

Изворите, кои не беа овластени да зборуваат јавно, рекоа дека таџикистанските безбедносни службеници ги донеле семејствата на осомничените во Душанбе од различни делови на централноазиската земја.

На четворицата осомничени за нападот во Москва – Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фаизов, рускиот суд им одреди притвор до 22 мај.

Руските медиуми претходно објавија дека сите четворица се државјани на Таџикистан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП