3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрадот најблиску до вселената: Се наоѓа на надморска височина од 5.100 метри,...

Градот најблиску до вселената: Се наоѓа на надморска височина од 5.100 метри, му недостасува кислород, а локалното население живее во просек 35 години

Сите сакаме да патуваме, да истражуваме нови места, луѓе и интересни култури. А, дали би сакале да посетите град чии жители живеат во просек по 35 години?

Познатиот Јутјубер, Рухи Ченет, решил да го запознае местото Ла Ринконада, кое се наоѓа на перуанските Анди, кое е познато како „најпеколното место на планетата“.

Градот Ла Ринконада се наоѓа на надморска височина од 5.100 метри и е најблиску до вселената! На оваа локација атмосферата е значително разредена, а мештаните живеат со само 50% од вообичаеното ниво на кислород.

Јутјуберот, познат како страствен патник, е фасциниран од „тешко достапните места“, па не е изненадување што минатиот декември реши да го посети Перу.

Неговиот документарец е прегледан повеќе од 30 милиони пати и го прикажува животот во необичениот град, пренесува LadBible.

„Телата на локалните жители еволуирале со текот на времето и произведуваат двојно повеќе крвни зрнца од другите луѓе“, објасни Шенет.

Тој додава дека Ла Ринконада е „повисока“ од Мон Блан (највисокиот врв во Западна Европа) за цели 300 метри!

„Далеку од современиот свет, тоа е место каде криминалот и опасноста се секогаш во близина“, рече тој.

Штом излегол од таксито, на јутјуберот му се свртило, а кога се разбудил следното утро – бил уморен, како да не спиел со денови.

„Моите усни беа испукани, а сувиот воздух ми го кинеше грлото“, објасни тој.

И покрај тоа што беше лето, патиштата беа подмрзнати, а ѓубрето беше видливо низ целиот град. Шенет истакна дека луѓето живеат во „метални бараки“ без струја, што е загрижувачко во зима кога температурата паѓа до -10 степени Целзиусови.

Повеќето од локалните жители користат јавни бањи и тушеви, бидејќи немаат пристап до проточна вода во своите домови.

„Луѓето доаѓаат овде само поради една причина – злато. Овде се населиле околу 50.000 луѓе, кои сонуваат за богатство“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП