29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ги замрзна парите за Полска

ЕК ги замрзна парите за Полска

pol1

Европската комисија (ЕК), ја замрзна исплатата за Полска од 875 милиони евра од фондовите за програмата за инфраструктура и транспорт.

Причина за тоа се сомневањата дека компаниите кои градат дел од патиштата склучиле картел договор и ги зголемиле цените.

ЕК објасни дека мора да ги замрзне средствата за исплата со кои го финансира проектот за сообраќајната инфраструктура, се додека не добие информации од официјалната истрага против компаниите кои се осомничени за картел договор за двете делници на еден магистрален пат и за една делница на автопатот А4.

„Ова прашање ќе биде разјаснето до март. Постапката на ЕК е несфатлива и чудна, бидејќи во оваа афера е оштетена Полска“, изјави министерката за регионален развој на Полска Елбјета Бјенковска.

Брисел ја прекина исплатата на средствата од еврофондовите, кога системот за одобрување на проектите кои ги финансира ЕУ не функционира правилно, вели министерката. „Меѓутоа во Полска овој систем функционира многу добро. Не признаваме никаква грешка“, додаде министерката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП